Инзаги е минато во Интер, доаѓа Дејан Станковиќ

1343

Италијанските медиуми, а секако и оние од Србија веќе наголемо пишуваат вечерва дека Симоне Инзаги по денешниот дебакл во Удине на Интер и поразот од 3:1 ќе добир отказ на местото тренер и дека на истото ќе седне ни помалку ни повеќе туку Дејан Станковиќ.

Инзаги е речиси сменет, Италијаните велат дека тоа е готова работа, и дека се лицитира со неговиот наследник. Станковиќ е икона во Милано, одигра сезони и сезони одличен фудбал во Интер, а сега се покажува и како сериозен стратег. Одлично мина на кормилото на Црвена Звезда на која што беше до пред неполн месец, кога на „Рајко Митиќ“ не успеа да донесе групна фаза во Лигата на Шампионите. Сепак, квалитетот на Станковиќ е неспорен и во следните 24 часа веројатно ќе се дознае дефинитивно дали србинот ќе го добие работното место од соништата за секој млад тренер.

 

ПретходноГачевски: Вардар конечно е таму кај што треба, на врвот
СледноШпанија се искачи на европскиот трон, преку Франција до четврттиот златен медал!