Македонската фудбалска репрезентација денеска го закажа и го одржа собирот по повод претстојните мечеви од Лигата на Нациите против Грузија на 23. односно Бугарија на 26 септември.
Ние не сме во ситуација да претрпиме уште еден кикс, затоа што веќе ги имаме два токму против овие противници. Против Бугарија на гости односно Грузија дома.
Нашиот прв голман Столе Димитриевски е еден од нашите најголеми адути. Во мометов брани во одлична форма во Примера за својто Рајо Ваљекано, и нормално е со таква форма да пристигне полн со оптимизам за репрезентативните обврски.
„Секогаш кога се враќаш дома за да играш за репрезентацијата се чувствуваш добро. Одиме да одиграме два добри мечеви. Најпрво во Грузија, да одработиме добар меч, и да чекаме поволни вести од Гибралтар. Што се однесува до Бугарија, се знае дека тоа е повеќе од еден фудбалски меч, но ние сме сконцентрирани само на фудбал. Мотивирани сме максимално и ветуваме маскимум на двата дуели“ – изјави Димитриевски.