Перфектно лето за Шпанија, не пропушти ниту едно финале!

105

Шпанија е позната како една од најсилните кошаркарски нации во светот. Ова тврдење не е случајно, ова лето сите репрезентации се најдоа во финалињата на соодветните натпреварувања, дел го освоија првото место, дел се закитија со сребрен медал.

Перфектното лето го затворија сениорскиот тим, го освои Европското првенство, откако во финалето ја совлада Франција и дојде до четвртото злато.

Шпанија учествуваше во девет натпреварувања (без ЕП сениорска конкуренција), го освои ЕП У18, ЕП У20 и ЕП У20 во женска конкуренција.

„Фуријата“ се закити со сребро на ЕП У16, СП У17, ЕП У16 (жени), СП У17 (жени) и ЕП У18 (жени).

„Можеме да бидеме многу горди од сето ова. Девет финалиња не се случајни. Тоа е благодарение на напорната работа низ годините, среќни сме што на овој начин ја покажуваме вредноста на тимови“, изјави Серџо Скариоло, кој се своите момци ја покорија Европа, иако не беа на врвот на листата на главни фаворити за златен медал.

ПретходноЈа загуби најважната битка: Поранешен фудбалер на Базел почина на 35 години!
СледноПоранешниот член на Вардар и Пелистер успешно опериран!