Познатиот боксер Мајк Тајсон неодамна ја загржи јавноста откако беше сликан во инвалидска количка. Легендарниот боксер откри дека има ишијас, поради што понекогаш не може да зборува. Иако тој пред две години на кратко се врати во рингот и изгледаше одлично, сепак овој проблем често се враќа.
„Имаме ишијас од време на време. Кога ќе се активира, не можам ниту да зборувам. Му благодарам на Господ што ова е единствениот здравствен проблем кој го имам. Сега се чувствувам добро. Сите во мојот дом се благодарни за сето она што го имаме“, изјави Тајсон.
Тајсон во 2005 година беше принуден да се повлече од боксот поради проблем со грбот.