Одбојкарите на Струмица Н. вечерва (19:30 ч.) ќе го имаат историскиот настап во најсилното европско клупско натпреварување, ЦЕВ Лигата на шампионите. Освојувачот на двојната круна гостува во Апелдорн против холандскиот шампион Динамо во обид да донесе што е можно подобар резултат на реваншот кој следната недела ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Со оглед на фактот што нашиот првак не доби шанса да го однесе најдобриот тим во Холандија, откако руските интернационалци не добија виза за влез во „земјата на лалињата“, Струмица Н. со млад и комбиниран состав ќе се обиде достојно да му парира на фаворитот. Тренерот Кире Ричлиев нема голем избор во ротацијата, но ќе се обиде да го извлече максимумот од оние кои ќе се појават на терен, предводени од неколку искусни репрезентативци како капитенот Владо Милев и техничарот Филип Деспотовски.
Синоќа Струмица ја почувствува салата во Апелдорн каде го одработи тренингот во пресрет на мечот, а денеска состанува само да ја подготвува финалната глазура на формата пред историскиот натпревар.
Дуелот ќе може да се проследи на регионалната спортска телевизија Арена Спорт 1 или на следниот ЛИНК: