Роберт Левандовски, капитенот на Полска, напаѓачот на Барселона и еден од најдобрите фудбалери во светот по се изгледа дека ќе биде новиот херој кај Украинците кои веќе ското седум месеци се соочуваат со агресија од страна на Русија.
Имено тој има намера на претстојното СП во Катар, да носи капитенска лента со боите на Украина. Таа лента ја добил од страна легендарниот Украинец, Андриј Шевченко.
„Да, ќе ја носам лентата на која ќе бидат боите и грбот на Украина. Како човек и како фудбалер посакувам мир насекаде во светот па ова е само еден симболичен гест. Ќе ја носам лентата и ќе потсетувам дека народот во Украина не е сам“ изјави Левандовски.