Нотингем го претстави 23-тото засилување – доаѓа од Сараево

439

Англискиот премиерлигаш Нотингем Форест го реализира 23. трансфер ова лето. И покрај тоа што трансферниот прозорец е завршен, сепак, Нотингем и понатаму прави трансфери.
Нов играч на „шумарите“ е Аднан Кануриќ кој има 22 години и доаѓа како слободен играч. Поранешниот младински репрезентативец на Босна и Херцеговина играше за Сараево, но по истекот на договорот стана слободен играч. Како таков се пресели на „Сити граунд“. Сепак, тој нема да игра за првиот тим на Нотингем туку ќе настапува за резервниот кој се натпреварува во посебна лига.

Кануриќ е роден во Линц, Австрија, бил во младинските категории на ЛАСК Линц, потоа на Салцбург, Лиферинг, Фортуна Келн, како и во англискиот Стоук и унгарски Серед.
Нотингем во моментов е има четири бода и е на 19 место на табелата.

ПретходноАнглија ги претстави дресовите за СП 2022
СледноMЗТ загуби од ПАОК и го впиша првиот пораз на подготовките