Целје подготви сензација: Кил поразен во Словенија

89

Ракометарите на Целје направија големо изненадување во рамките на 2. коло од групната фаза во Лигата на шампионите победувајќи го германски Кил на домашен терен со 38:36. Германците кои беа фаворити пред мечот наидоа на цврст орев во Словенија, па Целје уште во првото полувреме успеа да направи предност од 3 гола, која на крајот се покажа како клучна за првата победа во групата.

Неверојатна вечер имаше Влах кој средбата ја заврши со 10 погодока вод ресот на Целје, а одлична партија имаа и Цокан и Иванковиќ кои постигнаа по 5 гола. Кај Кил Винцек постигна 10 гола.

Во вториот меч одигран вечерва, Алборг без поголеми проблеми со убедлива победа се враќа од Норвешка. Данците славеа со 33:25 и ја остварија втората победа во групната фаза. Хангард постигна 7 гола и беше најефикасен кај гостите, додека во составот на Елверум забележителен настап имаше Нилсен со 5 погодоци.

Претходно„Алкалоид“ отвори нов шаховски дом (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноОдбојкарките на Работнички тргнаа со пораз на Балканскиот Куп