Ги „изгоревме“ со Пандев и Нестор, време е тоа да го сторат некои други

308

СПОРТМЕДИА во Тбилиси,

Огнен Дојчиновски

За момент да го заборавиме оној катастрофален дуел од оваа кампања во Лигата на Нации против Грузија на домашен терен кога загубивме со 0:3, и да се присетима на некои поинакви, посреќно времиња за нас кога е во прашање оваа репрезентација. На 12.11.2020 година и тој бараж за пласман на Европскиот шампионат, кога ние го остваривме тој историски успех. Таа победа од 0:1 среде Тбилиси и тој легендарен гол на Горан Пандев.

Сега Гранде повеќе го нема, но ги нема и Несторовски, Адеми, Ристовски, Николов. Тие беа оние кои беа стартери на  тој меч, а беа и носители на таа генерација. Несторовски не е во плановите на Милевски, Адеми и Ристовски се повредени, Николов до пред неколку дена немаше клуб. Костадинов и Тричковски беа замените на тој меч но и нив ги нема. Речици цела една постава.

Елиф да покаже зошто е лидер на оваа генерација

Сега, некои други момци ќе мора да се покажат и докажат во Тбилиси. Ситуацијата е таква да едноставно мора. Сега е на ред Елиф Елмас, херојот од Палермо Александар Трајковски. Милан Ристовски ја има улогата на прв напаѓач во оваа кампања, време е да биде решавачки неговиот погодок на еден дуел. Алиоски игра стандардно за Фенербахче и тој мора да е веќе во врвна форма, и со самото тоа на висина на задачата.

Дури и селекторот е друг. Ангеловски е минатото, Милевски е сегашноста. Затоа сега „сер Боби“ е тој кој мора да изнајде решение како в петок од 20:00 часот како да дојдеме до уште еден гостински триумф среде Тбилиси. Да, овој нема да ја има истата резултатска тежина како оној во 2020, но ќе биде исто толку важен за нашата самодоверба во моментот, и за добар финиш на оваа Лига на Нациите.

ПретходноХаос во Колумбија и прекин на прволигашки меч поради навивачи (ВИДЕО)
СледноПандев објави крај на кариерата преку Газета Дело Спорт