Елмас и Kварачелија имаат „нерасчистени“ сметки

687

СПОРТМЕДИА во Тбилиси,

Огнен Дојчиновски

Елиф Елмас е нашиот адут за уште многу години. „Дијамантот“ е лидерот на оваа но и на следните генерации во нашиот национален тим, и мора кон него така да се однесуаме. Како на лидер кој мора да ја одведе Македонија на уште едно големо натпреварување.

Тоа играчот на Наполи добро го знае и мора да се наметне на терен и да води главен збор. Тоа во моментов можеби и малку потешко ќе му оди од проста причина што во неговиот клуб Наполи повеќе ја нема улогата на константен стартер туку на само прва или втора замена.

Причината за тоа е ни помалку ни повеќе нашата најголема опасност на утрешниот меч. Се вика Квича Kварачелија е новата голема звезда на Наполи.Пристигна тивко, од Динамо Батуми (!?), има само 21. Година, а веќе е стрелец на седум погодоци сезонава. И ја игра позицијата на Елиф Елмас.Тоа е новото лево крило на Наполи кое во моментов игра во фантастична форма, и поради кого Елмас во моментов добива минутажа која не соодетствува со неговиот квалитет и потенцијал.

Но во моментов тоа  е така, и тој ќе мора да се избори со таа ситуација. Тоа е ситуацијата во Наполи, но оваа репрезентативната е шанса за „возвратен удар“. Тука Елиф дефинитивно е наша „прва виолина“  и нека тоа биде само мотив повеќе утре да биде најдобар. Нека покаже дека Квича Кварачелија е само во моментов прва опција кај тренерот Лучијано Спалети и ништо повеќе.

ПретходноБаражот за ЕП најгледан фудбалски настан во Грузија
СледноСо Деспотовски добиваме иднина на две позиции