Катар нема да ги казнува истополовите парови кои ќе се држат за рака за време на Мундијалот!

58

Не делат само месец и половина од почетокот на СП во Катар, а светската јавност се почесто поставува прашања за правата на малцинствата во таа земја, особено за правата на истополовите парови. Во арапската земја, истополовите парови се забранети и подлежат на кривични пријави, како и секое одобрување, како што е истакнување знаме со виножито.

Сепак за време на Светското првенство не би требало да има проблем. Барем ако им се верува на луѓето од Англиската фудбалска асоцијација (ФА). Тие велат дека биле во интензивен дијалог со катарските власти, кои ги увериле дека овие дискриминаторски закони привремено ќе бидат укинати за време на првенството.

„На пример, некои помали прекршоци, како што е држењето за рака, повеќе не се нелегални за истополовите парови, а исто така ќе биде дозволено носење знамиња со виножито. Сепак, тие не смеат да се закачуваат во џамиите, бидејќи тоа сепак ќе покаже непочитување на локалната култура. Домаќините секако се запознаени со ова прашање и ќе знаат како да реагираат на вистински начин“, изјави за „Гардијан“ Марк Булингем, директор на ФА.

ПретходноМакедонија тренираше на Арената во Тбилиси: Спремни сме да покажеме што знаеме! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноГостивар ќе ја предизвика Шкендија!