Интер со оригинална порака го испрати Пандев во пензија

669

Горан Пандев објави фудбалска пензија по 20 години, од кои речиси сите ги мина во Италија (освен една во Галатасарај). Тој ќе остане запаметен како најуспешен и најтрофеен фудбалер во историјата, но и легенда во Серија А како фудбалер на Лацио, Интер, Наполи и Џенова.
Со Интер ги освои Серија А во 2009/10, Купот на Италија во 2009/10 и 2010/11, ЛШ во 2009/10, Светското клупско првенство во 2010 година. Со Наполи два пати го освои Купот, а со Лацио еднаш.
Интер испрати порака и му го честиташе на македонскиот фудбалер пензионирањето: „Од Примавера до врвот на светот. Ти благодариме за се Горан Пандев“, гласи оригиналната порака на Интер.

ПретходноКазахстан ја победи Белорусија и постигна историски успех
СледноПремиерлигашите донесоа одлука: Секој што ќе влезе на терен добива забрана од една година