Букајо Сакa е англиски играч на годината

80

Напаѓачот на Арсенал Букајо Сакa ја доби наградата за најдобар англиски фудбалер за 2021/22 година. Тој е првиот „топчија“ што ја добива оваа награда, а доби најмногу гласови од фановите на англиската репрезентација. Деклан Рајс и Хари Кејн завршија на второто односно третото место според гласовите.

Букајо има 21 година, а досега одигра 18 натпревари во дресот на Англија. Во 2021/22 година одигра девет натпревари со ефект од три гола. Еден од тие голови беше на неговиот роденден на 4 септември во победата над Андора на „Вембли“, а тој беше прогласен за играч на натпреварот.

Минатата година наградата ја доби Калвин Филипс, а претходно Џордан Хендерсон, по два пати Хари Кејн, Стивен Џерард и Франк Лампард… Рекордер е Вејн Руни кој четири пати бил најдобар.

 

ПретходноЃоковиќ се пријави на турнир на кој никогаш нема играно!
СледноПолувреме во Тбилиси: Македонија притискаше, а Грузија поведе со автогол на Миовски (видео)