Полувреме во Тбилиси: Македонија притискаше, а Грузија поведе со автогол на Миовски (видео)

116

Заврши првото полувреме од натпреварот меѓу Грузија и Македонија со резултат 1:0. Во првите 45 минути македонската селекција беше подобра затоа што имаше позрели шанси, притисок, повеќе корнери и три удари на голот на Грузијците меѓутоа домашните во една од ретките шанси успеаја да поведат.

На почетокот се тргна малку нервозно на двете страни, со ситни прекршоци, па поради тоа жолти картони добија Муслиу и Спировски. Во 20 минута прва шанса за Македонија и ударот на Спировски од далечина голманот Мамардашвили одбрани.

Две минути подоцна и Барди од слободен удар се обиде но грузискиот голман одбрани.

И потоа дојдоа трите минути за Грузијците. Прво Абурџанија го принуди Димитриевски да исфрли во корнер. А по изведениот корнер Грузијците поведоа. Тоа не беше ни удар на голот. Кварацкелија се обиде да уфрли пред нашиот гол, топката го удри Миовски и влезе во голот.

Засега Грузија води, ќе го видиме нашиот одговор во вториот дел.

 

ПретходноБукајо Сакa е англиски играч на годината
СледноМакедонија У21 ја совлада Албанија на турнирот во Хрватска