Човек втрча на терен среде меч на Лејвер купот и си ја запали раката (ВИДЕО)

151

Инцидент се случи на првиот ден од тенискиот „Лејвер куп“, во Лондон. На мечот меѓу Стефанос Циципас и Диего Шварцман, на терен влета едно момче, запали оган, а потоа и самиот си ја запали раката. Обезбедувањето го собра и го исфрли надвор.

Станувало збор за активистичка акција. Инаку на Лејвер купот се играат натпревари помеѓу европски тенисери и тенисери од останатиот дел од светот.

ПретходноТбилиси го напуштаме поразени, победнички да завршиме во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноРајковиќ и ЦСКА се пласираа во финалето на ВТБ Суперкупот