Ниту сопругата на Федерер немаше срце да ги издржи неговите солзи (ВИДЕО)

191

Мирослава Вавринец, сопругата на Роџер Федерер не можеше да го издржи емотивниот говор на еден од најдобрите тенисери во светот. Во „О2“ Арената немаше, а некој да не заплаче.

Федерер се „распадна“ на стартот на говорот, а кога дојде да зборува за својата сопруга и нејзината огромна поддршка го обземаа големи емоции, едноставно мораше на момент да го прекине говорот.

Според тамошните медиуми, таа дури во еден момент сакала да се прекине говорот, бидејќи Федерер остана без глас, што пак и падна тешко. Сепак швајцарскиот тенисер успеа до крај да издржи.

„Ми дозволи да продолжам, таа ме туркаше напред, инаку одамна ќе престанав, ти благодарам за тоа. Благодарност до моите родители, вие сте неверојатни. Имам толку многу луѓе на кои треба да им се заблагодарам, ова е фантастична ноќ“, рече Федерер.

ПретходноТенисот нема да биде ист: Ѓоковиќ се расплака додека Федерер играше!
СледноУште еден екс-кошаркар на МЗТ Скопје ќе игра во НБА-лига