Она што го најави „Спортмедиа“ во текот на вчерашниот ден, од денеска е и официјално. Имено Горан Станковски не е веќе дел од клубот, не е веќе спортски директор на Работнички.
Оваа информација попладнево на клупскиот сајт ја потврди и претседателот на клубот од Градски Парк, Драган Поповски:
„Му се заблагодаруваме на Горан Станковски за досегашниот професионален однос и напорна работа во клубот во изминатиот период. ФК Работнички му посакува многу успех во понатамошниот дел од кариерата“ истакна Поповски.