Струмица Н. не се предава: Оптимисти сме, ни треба поддршката од навивачите

120

Одбојкарите на Струмица засилено се подготвуваат за реванш натпреварот од 1. коло во квалификациите за ЦЕВ Лигата на шампионите. По поразот со 3:0 на првиот меч против Динамо Апелдорн, момците на тренерот Кире Ричлиев овој пат засилени со руските интернационалци Злобин, Михаилов и Лободин осоколени се надеваат дека ќе возвратат со иста мера и ќе се изборат за т.н. „Златен Сет“ кој ќе одлучува за платникот во 2. елиминациско коло.

„Оптимисти сме. Знаеме дека со голема поддршка на нашите навивачи може да се избориме за победа. Особено, што на овој меч ќе настапат и руските интернационалци кои не играа на првата средба бидејќи не им беа издадени визи. Ги поканувам сите струмичани и сите од Скопје кои можат да бидат со нас во салата и да не поддржат за да ја оствариме целта еден македонски тим да го мине првото коло во Лигата на шампионите“, вели еден од најискусните во струмичкиот тим, Владо Милев.

Реваншот се игра во вторник од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

ПретходноЕ. Пелистер и Пролет како на тренинг до нови победи
СледноРепрезентативците тренираа на „Арената“ пред утрешната битка со Бугарија (ФОТОГАЛЕРИЈА)