Тимот на МЗТ Скопје Аеродром ја одржа официјалната прес конференција пред стартот на новата АБА лига сезона. Во неа нашиот шампион е дел од најсилната конкуренција, а она што е интересно е што и самата сезона ја почнува на најсилен можен начин со гостување во Белград кај екипата на Црвена Звезда.
„Прво да изразам задоволствони благодарсност за присуството. Се надевам дека ќе имаме уште поуспешна сорабтока и понатака. Целите на МЗТ Скопје Аеродром како и секоја сезона се атак на сите трофеји во домашниот шампионат, и што е можно подобро претставување на македонската кошарка на интернационално ниво. Не сакаме да си создаваме дополнителен притисок околу резултатите, и затоа што се вели ќе одиме меч по меч. Финансискиот и организацискиот план во моментов е таков да се обидовме да собереме што е најдобро од мак кошарката во моментов како и со странски засилувања дополнително да го засилиме тимот“ – изјави директорот на МЗТ Скопје Аеродром, Филип Ѓоревски.
Од друга страна, тренерот Александар Петровиќ е оптимист што се однесува до самиот почеток на сезоната, вели дека приоритет е опстанокот во една од најсилните кошаркарски лиги во Европа, и дека во Белград нема да се замине со бело знаме, секако, ќе се оди на поволен резултат.
„Овој тим што се однесува до минатата сезона не е поквалитетен, туку е само подмладен. Истиот е селектиран според буџетот, а во текот на сезоната ќе видите сигудно промовирање на еден до двајца млади играчи. Сепак, гледате и сами дека во сите клубови во АБА лига домашните играчи се во подредена улога. Го истакнувам името на Бојан Величковски кој со само 16. години веќе добива шанса, и е сериозна перспектива на нашиот клуб. Мекиќ и Максвер нема да бидат дел од првиот дуел. Максвел има проблем со коленото и ќе каже лекарскиот тим колку е тоа лошо. Доколку е потребна голема пауза за него ќе бараме алтернатива и нов играч. Мекиќ сигурно нема да го имаме на терен околу еден месец“ – изјави Петровиќ, па додаде.
„Не чека тешка но интересна сезона. Примарна цел ќе биде да се опстане во лгата. АБА лига е сигурно меѓу три лиги во светот. Еве сега не чека дуел со Црвена Звезда, клуб кој има сигурно десет пати поголем буџет од нас. Ни ние секако дека нема да одиме таму и да се предадеме ќе дадеме максимум. Распоредот ни е стварно тежок, во првите пет кола играме со четири екипи кои според мене ќе играат во фајнал – форот во оваа сезона. Имаме и проблеми со повредени играчи, но што е тука е. Задоволен сум и од освоениот супер куп, имаме аномалии во играта, тоа е нормално, затоа се и тренинзите за да можат истите да се поправат“ – потенцира кормиларот на Аеродромци,
Стојановски: Имаме тешка но интересна сезона пред нас
„Напорна и тешка сезона е пред нас во лига која во последниве десет години дефинитивно е една од најдобрите во Европа. Се надеваме на добар старт против Црвена Звезда, и сигурен од низ сезоната“ – изјави капитенот на МЗТ Скопје Аеродром, Дајман Стојановски.