Иранците бараат од ФИФА да ги исфрли од Светското првенство: Господине, мора да дејствувате итно!

548

Во Иран веќе неколку дена траат демонстрации за одбрана на правата на жените. Тоа е поврзано со смртта на Махса Амини, која почина три дена откако беше уапсена од локалната полиција. Во петокот, иранските навивачи се осврнаа на кршењето на човековите права во отворено писмо до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Тие бараат иранската репрезентација веднаш да биде исклучена од овогодинешното Светско првенство.

„Бунтот во Иран поради смртта на Махса Амини и владиното брутално смирување на демонстрантите се непобитни факти и враќаат многу застрашувачки спомени за фудбалските фанови во Иран. Апелираме до ФИФА итно да го исклучи Иран од ова натпреварување поради прекршувања на човековите права во оваа земја, врз основа на членовите 3 и 4 од статутот“, меѓу другото пишува во писмото на иранските навивачи.

Овие два члена од статутот на ФИФА се однесуваат на човековите права, недискриминацијата, родовата еднаквост и борбата против расизмот. Регулативата дури наведува дека секоја дискриминација е „изречно забранета, под казна суспензија или протерување“. Навивачите исто така истакнуваат дека повеќе од 40 години на Иранките им било забрането да спортуваат или да навиваат на стадион.

„Веруваме дека оваа репрезентација повеќе не миже да не претставува нас ниту нашите вредности како Иранци. Повикуваме на акција и санкции поради долгогодишното угнетување на иранските жени и поддржувачи. Властите на Исламската Република и нејзината фудбалска федерација не можат да имаат чест да учествувам на најголемиот фудбалски турнир додека ги убиваме сопствените граѓани на нашите улици. Господине Инфантино, ФИФА мора да дејствува веднаш за да ги заштити Иранките“, се заклучува во писмото.

Репрезентацијата на Иран во Катар ќе игра во групата Б. На 21 ноември на вториот ден од Мундијалот ќе го има деби натпреварот против Англија. Четири дена подоцна Иранците ќе се соочат со Велс, а на крајот од групната фаза (29.11) со САД.

ПретходноКлоп му фати сеир на грчкиот фудбалер поради новиот имиџ (ВИДЕО)
СледноХаланд сениор ги изненади сите: Ерлинг нема уште долго да биде во Манчестер Сити?