Левандовски на Барсeлона и го препорачал централниот бек на Специја

218

Напаѓачот на Барселона Роберт Левандовски е импресиониран од својот сонародник, дефанзивецот Јакуб Кивиор и го препорачал на Барселона, пишува „Тутоспорт“. 22-годишниот фудбалер дебитираше за Полска во јуни и импресионираше дел од своите соиграчи меѓу кои и искусниот Левандовски. Според „Тутоспорт“, Лева рекол за Кивиор цврст централен бек чија кариера е во подем.
„Тоа момче е неверојатно. За време на загревањето пред мечот со Холандија, си реков: „Кој е сега овој?“. Но за време на мечот ме импресионираше. Тој е фантастичен“, изјави Левандовски за време на паузата за репрезентациите.
Кивиор исто така е цел на Милан и на Вест Хем. Тој дебитираше минатата сезона во Серија А со 31 меч за Специја. „Скај спорт Италија“ летоска информираше дека Специја одбила 12 милиони евра за него. Фудбалерот има договор до јуни 2025 година.

ПретходноЕкс-играч на Интер и аргентински репрезентативец стана кошаркар (видео)
СледноГрадскиот совет му забрани на Нирнберг да игра вечерни натпревари