Ѓоковиќ го елиминира Поспишил и „лета“ кон трофејот во Тел Авив

69

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата, но сепак успеа да се избори за полуфинале на АТП турнирот во Тел Авив. Српскиот тениски ас во два сета го исфрли канадскиот тенисер Васек Поспишил со 7:6 и 6:2, па така освен што ја продолжи серијата без пораз од него, се пласираше меѓу четирите најдобри на турнирот во Израел.
Во следната рунда Ѓоковиќ ќе игра против Роман Сафиулин кој е на 108 место на АТП листата, а во другото полуфинале ќе се сретнат Марин Чилиќ и Костан Лестиен. Ѓоковиќ е огромен фаворит за трофејот.

ПретходноРекорден број на трки во Мото ГП шампионатот наредната година
СледноБарселона им должи 52 милиони евро на Сити и речиси 80 милиони на Ајакс и Јувентус