МЗТ Скопје без бело знаме против првакот на АБА-лига!

112

МЗТ Скопје вечерва (20 часот) против бранителот на титулата, Црвена Звеза ја почнува својата нова одисеја во АБА-лигата. Актуелниот македонски првак после пауза од четири години се враќа во елитното јадранско натпреварување, кое дефинитивно ќе биде голем предизвик за сите во клубот, со оглед на имиња кои се дел од новата сезона.

Тимот од Аеродром и Црвена Звезда до сега имаат одиграно 12 натпревари, дури 11 им припаднале на „црвено-белите“, а додека единствената победа МЗТ Скопје ја има забележано во 2013 година, на домашен терен славеше со 65-58.

Главната цел на „сино-белите“ е опстанок во АБА-лига.

„Пред нас е интересна, но пред се тешка сезона. МЗТ сезонава ќе напаѓа на сите домашни титули, а наша примарна цел е да се опстане во АБА, која е меѓу трите најдобри лиги во Европа. Нè очекува дуел со Црвена Звезда, евролигашка екипа со буџет кој е десет пати поголем од нашиот. Но, нема да одиме со бело знаме, ќе дадеме сè од себе колку што можеме. Имаме и повредени играчи, но и покрај тоа одиме да се надигруваме и да уживаме. Во првите пет кола имаме четири средби со главните претенденти за освојување на АБА лигата. Очекувам добра сезона, да нè служи здравјето, задоволен сум од работата на играчите на тренинзите и натпреварите“, изјави Петровиќ.

Инаку новата сезона во јадранското натпреварување почна вчера со дуелот меѓу Задар и Студенски Центар, кој заврши во корист на домаќинот од 96-67. Денеска покрај Црвена Звезда и МЗТ Скопје, силите ќе ги одмерат Игокеа и Морнар.

ПретходноВардар 1961 по перфекција во Охрид, дерби во Кавадарци!
СледноГолемо засилување за НБА финалистот!