Хет-трик на Тросар на „Енфилд“, Брајтон до реми кај Ливерпул!(ВИДЕО)

78

Каков меч на Леандро Тросар на “Енфилд“? Имено напаѓачот на Брајтон му “стегна“ хет-трик на Ливерпул и со тоа му донесе бод на својот тим на ова тешко гостување. „Редси“ долго ќе го паметат Тросар кој уште во 17.минута веќе имаше постигнато два гола за гостите. Следуваше пресврт на домашните, кои поведоа со 3:2 и тоа со головите на Фирмињо, два, и автоголот на Вебстер. Сепак Тросар во 83.минута со трет гол ги постави конечните 3:3.

На останатите мечеви Борнмут одигра 0:0 со Брентфорд, Челзи на гости кај Кристал Палас победи со 1:2, Њукасл исто како гостин славеше кај Фулам со 1:4, како и Евертон, кој со 1:2 го победи домашниот состав Саутемптон.

ПретходноБум – бум Миовски: Македонецот решета за Абердин! (ВИДЕО)
СледноКелн ја шокираше Борусија Дортмунд, Лајпциг убедлив! (ВИДЕО)