Екипата на Вердер со 5:1 го совлада Борусија Менхенгладбах во 8.коло на Бундес лигата. Тоа е фантастична победа на Вердер и скок на осмото место на табелата со 12 бодови и трета победа сезонава.
Во првото полувреме „музикантите“ водеа со 4:0. Никлас Филкруг постигна два гола и изби на чело на листата на стрелци во Бундес лигата со 7 голови. Другите два гола беа дело на Дукш и автогол на Бенсебаини.
Во второто полувреме Маркус Турам со гол во 63 минута го намали резултатот, но конечните 5:1 ги постави Маркус Вајзер во 73 минута.
Тоа воедно е и прва победа на Вердер над Менхенгладбах во најсилното германско првенство по октомври 2012 година.
ДВАТА ГОЛА НА ФУЛКРУГ