Тимот на Вест Хем, конечно, ја впиша првата победа на домашен терен, а во 9. Коло на Премиер лигата го совлада Вулверхемптон со 2:0. Головите за „чеканите“ ги постигнаа Џанлука Скамака во 29 минута и Џејсон Боувен во 54 минута.
За гостите играше и шпанското засилување Диего Коста кој влезе во вториот дел но немаше успешно деби.
Вест Хем ја забележа само втората победа сезонава и има 7 бодови, додека Вулверхемптон со четири порази од осум меча е во опасната зона.