Атлетико го „скрши“ малерот во Севиља (видео)

51

Атлетико Мадрид пет натпревари во низа немаше победа над Севиља на „Рамон Санчез Писхуан“, но вечерва ја урнаа непријатната серија и победија. „Јорганџиите“ славеа со 2:0, а головите ги постигнаа Љоренте во 29 минута и Алваро Мората во 57 минута.

Атлетико стигна до четвртата победа сезонава, а Севиља во впиша четвртиот пораз и е во долниот дел на табелата.

Идното коло Атлетико ќе игра со Џирона, додека Севиља ќе игра дома против Атлетик Билбао.

ПретходноВест Хем до прва домашна победа, совладан е Вулверхемптон (видео)
СледноАЕК убедлив против Анортозис, гол постигна и Тричковски (видео)