Екипата на Вардар славеше победа на гостувањето во Охрид против истоимената екипа со 27:22 во меч од 5. Коло на Суперлигата. Охриѓани имаа фуриозен старт, поведоа со 4:1. Сепак, македонскиот шампион се консолидира и се врати во игра. По голема борба Вардар поведе на полувреме со 13:12.
Во вториот дел „црвено-црните“ беа подобри, а во финишот влезе со предност од три гола разлика (22:19) и тоа беше моментот кога се наѕираше победникот. До крајот вардарци рутински одработија и победија.
Најефикасен кај Вардар беше Куни Моралес со 7 гола, а Стоилов постигна 4 гола. Кај Охрид, Озтурк и Бојаниќ постигнаа по 4 гола.