Ампаду е нов антирекордер во Серија А: Направи пенал за 39 секунди! (ВИДЕО)

91

Итан Ампаду постави нов антирекорд во Серија А, успевајќи да направи пенал за само 39 секунди. Фудбалерот на Специја го собори Чиро Имобиле на денешниот дуел на „Олимпико“ практично уште во првиот напад на домашните, а судијата покаа на белата точка.

Тоа е најраниот фаул направен за пенал во историјата на Серија А, надминувајќи ги оние 42 секунди што му беа потребни на дефанзивецот на Милан, Матија Де Шиљо да го фаулира Марек Хамшик за пенал на Наполи на 3 мај 2015 година.

 

ПретходноМбапе и ПСЖ го сакаат Влаховиќ на “Паркот на принцовите“!
СледноЈирген Клоп не му верува на своето најскапо летно засилување