Шампионот се враќа дома: Струмица Н. во ЦЕВ Купот, сепак, ќе игра во својата сала

136

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица првиот меч од квалификациите во ЦЕВ Купот, сепак, ќе го одигра на домашен терен. Со оглед на тоа што салата на СЦ „Јане Сандански“ е презафатена, Струмица Никоб доби дозвола од ЦЕВ мечот со хрватска Мурса да го одигра во салата „Парк“.

„Добивме дозвола мечот да го играме во нашата сала. Ќе има промена на терминот, така што најверојатно средбата ќе се одигра на 13 октомври од 19 часот. Салата во Скопје е презафатена, па за нас и подобра варијанта е што ќе играме пред нашите навивачи. Очекуваме полна сала, поддршка за победа“, вели капитенот и претседател на клубот, Владо Милев.

Реваншот во Осијек ќе биде според планираното на 19 октомври.

ПретходноЈирген Клоп не му верува на своето најскапо летно засилување
СледноДимитријевиќ со 17 поени во големата стартна победа на У. Казан во ВТБ лигата