Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои АТП 250 турнирот во Тел Авив. Без изгубен сет стигна до трофејот, а денеска во финалето по 19. пат (во 21 дуел) го совлада Марин Чилиќ со 2:0 (6:3 и 6:4). Ова е голем чекор за Новак во борбата да остане меѓу 20. тенисери во АТП листата во актуелната календарска година. Со освојување на овој турнир освои 250 бодови и го сочува 15-тото место.
Инаку ова е 89. Сингл трофеј во кариерата, а наредната, 90. ќе ја брка уште утре во Нур Султан во Казахстан исто така од АТП 250 серијата. Таму стартува против Кристијан Гарин, моментално на 79 позиција на АТП листата.