Влета во терен со димна бомба, па доби „блок“ (ВИДЕО)

156

Американскиот фудбал е ултра популарен спорт и сезоната е во полн ек. И таму како и насекаде во светот, еден дел од навивачите има потреба да влезе во теренот и да биде цетар на внимание десетина секунди. Па така, на дуелот Сан Франциско – Лос Анџелес, еден навивачки ентузијаст влезе во теренот, а во раката држеше и димна бомба. Се обидуваше да му побегне на обезбедувањето, но не очекуваше дека линискиот дефанзивец на Лос Анџелес  Боби Вагнер ќе им влета на помош. Навивачот не мина добро, а погледнете со каков потег Вагнер го спречи неговиот понатамошен „поход“.

ПретходноХамилтон нема победа сезонава, но добива нов договор
СледноЛазаров го скрати списокот, 18 ракометари се од домашното првенство