Фудбалска “бомба“ или фудбалски “земјотрес“ денеска во Словенија. Имено НК Марибор, еден од најголемите клубови во таа земја се пофали дека има нов член, а тоа никој друг туку Јосип Иличиќ, некогпната голема ѕвезда во Серија А. Главен играч на Аталанта со кој тим правеше чуда.
Познато е се што му се случуваше на Словенецот, па затоа реши на крајот од својата кариера да се врати дома, во Словенија и тоа во својот Марибор каде што настапуваше кусо во 2010 година. Потоа играше за Палермо, Фиорентина и секако Аталанта.