Хаос во НБА: Скандалозна тепачка на тренинг во таборот на шампионот!

254

Скандалозна тепачка во редовите на НБА првакот, тимот на Голден Стејт во пресрет на стартот на новата сезона. И тоа на тренинг и тоа меѓу Дрејмонд Грин и Џордан Пул. По еден контакт меѓу двајцата прво Грин го удрил Пул, а потоа останатите кошаркари го раздвојувале за да не дојде до уште поголем инцидент.

После се Грин наводно се извинил, но медиумте во САД известуваат дека него секако дека го чека казна, парична од страна на клубот.

Инаку Грин важи за проблематичен тип, во времето кога Кевин Дурент бепе во редовите на ГСВ, тој во неколку наврати имал конфликт со него, затоа и си заминал.

ПретходноСо дуелот ТФТ – МЗТ Скопје: Денеска стартува 31. сезона во нашата елитна кошаркарска лига!
СледноКуманово се засили со млад центар од БиХ!