Македонските кик-боксери остварија нов успех на Светското првенство за деца, кадети и јуниори кое се одржа во Лидо Ди Јесело, Италија. Денеска македонскиот кик-боксер Нелсон Узеир го освои среебрениот медал, откако во финалето загуби со 3:0 на поени од турскиот кик-боксер Самед Агдеве.
Ова е одличен резултат за Узеир кој носи втор медал за Македонија од ова СП, откако претходно со бронзен медал се закити и Јадранка Темелкова.