Верстапен до пол позицијата на Сузука и чекор поблиску до титулата

103

Возачот на Ред Бул Макс Верстапен ја „грабна“ пол-позицијата на ГП Јапонија со што ги зголеми шансите за да ја освои шампионската титула во Формула 1 шампионатот уште овој викенд. Во квалификациите тој го победи дуото на Ферари Шарл Леклер и Карлос Сајнц.

Верстапен поведе на стартот на третата квалификациска рунда поставувајќи време од 1 минута 29.304 секунди што беше доволно за првото место, а со 10 десетинки послабо време имаше Леклер, додека 57 секунди послаб од првиот беше Сајнц.

Серхио Перез ќе стартува на утрешната трка на „Сузука“ од четвртото место, а Естебан Окон од Алпин ќе тргне од петтата позиција.

Главната трка ќе се вози во недела наутро по централно европско време.

ПретходноВМФЛ: Гостивар фаворит со Беласица, Вардар на гости во Каменица, Детонит го дочекува Пелистер
СледноМомче, очигледно не си научил кој е Гатузо! (видео)