Милевски пред утрешната ждрепка за квалификациите за ЕП 2024: Немам посебни желби, но убаво е да се има среќа!

693

Утре точно на пладне во Франкфурт ќе се одржи ждрепката за квалификациите за ЕВРО 2024 година кое ќе се одржи во Германија. Нашата делегација на ждрепката ќе ја предводи претседателот на ФФМ Муамед Сејдини, а покрај него ќе бидат и г.секретар Филип Поповски, спортскиот директор на репрезентација Дени Масев и портпаролот Фатон Зулбеари.

Го нема селекторот Благоја Милевски, а тој за “Спортмедиа“ објаснува зошто е спречен утре да биде во Франкфурт.

Имам некој здодевен стомачен вирус, моментално сум под терапија и затоа нема да бидам на ждрепката. Со нетрпение ќе ги чекам вестите од Франкфурт“ посочи Милевски.

Познато е дека нашата А-репрезентација е во четвртиот шешир. Можеме да добиеме ужасно тешка група ако се знае дека во вториот шешир се и селекциите на Франција и Англија, но исто така можеме да добие и група по мерка.

За тоа дали има некоја желба во каква група ја посакува нашата репрезентација, Милевски посочи:

Не, познато е дека јас никогаш не сум прогнозирал нешто пред самата ждрепка. Против кого да се паднеме Македонија мора да игра максимално. Сите репрезентации се квалитетни, во секој случај ќе биде интересно. Од друга страна треба да се има и среќа, и тоа малку повеќе среќа во ждрепката. Не е сеедно од вториот шешир за ривал да ја добиеш една Франција, но ајде да почекаме до утре, кога ќе ги знаеме групите па дури тогаш може да се анализира“ рече за “Спортмедиа“ селекторот Милевски.

Познато е дека репрезентациите ќе бидат поделени во 10 групи и само првите две директно ќе се пласираат на ЕВРО 2024.

ШЕШИРИ

ШЕШИР-1:

-Холандија, Хрватска, Шпанија, Италија, Данска, Португалија, Белгија, Унгарија, Швајцарија, Полска

ШЕШИР-2:

-Франција, Австрија, Чешка, Англија, Велс, Израел, БиХ, Србија, Шкотска, Финска

ШЕШИР-3:

-Украина, Исланд, Норвешка, Словенија, Р. Ирска, Албанија, Ц. Гора, Романија, Шведска, Ерменија

ШЕШИР-4:

-Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија, Ф. Острови, МАКЕДОНИЈА

ШЕШИР-5:

-Словачка. С. Ирска,Кипар, Белорусија, Литванија, Гибралтар, Естонија, Летонија,Молдавија, Малта

ШЕШИР-6:

-Андора, Сан Марино, Лихтенштајн

ПретходноГостивар е првиот сериозен предизвик за вицешампионот Пелистер!
СледноМТел Македонија и официјално нов спонзор на КК Работнички