Гостивар со 91:79 успеа да го победи вицешампионот, тимот на Пелистер, иако со оглед на тоа како се одвиваше натпреварот, разликата на крајот требаше да биде поголема.
Сепак добро е за Гостивар што сезонава ја започна со значајна победа и покажа дека ќе си има свои амбици во новиот шампионат во елитната наша кошаркарска лига.
Битолчани колку и да се обидуваа да ја стигнат разликата, имаа шанси за тоа, сепак домашните веднаш враќаа со серија поени и го држеа водство на безбедно растојание.
На крајот заслужена победа на Гостивар.
На крајот да кажеме дека мечот се играше пред празни трибини.
Составот на ФМП Академија со 79:75 успеа да дојде до победа на стартот од новата сезона. Речиси во текот на целиот меч домашниот состав ја имаше предноста, успеа да ја добие првата четвртина со 21:16, па потоа беше се полесно, иако разликата не беше којзнае колкава, ако се знае третата и четвртата четвртина ги добиваше само со еден поен.