Македонија квалификациите ги отвара против Малта, последниот меч го игра дома против Англија!

182

УЕФА го потврди распоредот на натпревари од нашата квалификациска група за пласман на Европското првенство 2024 во Германија.

Македонската репрезентација на вчерашното извлекување во Франкфурт ја доби најтешката можна група со финалистите од последното Европско првенство, Италија и Англија, а ќе се соочиме и со Украина и Малта.

Нашата најдобра репрезентација првиот натпревар ќе го одигра на 23. март 2023 година на домашен терен против Малта.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА:

23. март 2023 Македонија – Малта

16. јуни 2023 Македонија – Украина

19. јуни 2023 Англија – Македонија

09. септември 2023 Македонија – Италија

12. септември 2023 Малта – Македонија

14. октомври 2023 Украина – Македонија

17. ноември 2023 Италија – Македонија

20. ноември 2023 Македонија – Англија

ПретходноДибала се повредил изведувајќи пенал, го пропушта Муднијалот!
СледноЛазаров: Ме мачи фактот дека немаме многу играчи кои играат во најквалитетните европски лиги!