По драматичниот меч во Серија А, двајца противнички играчи заедно јадеа пица!

363

Во деветтото коло од италијанската Серија А, Салернитана оствари важна победа на домашен терен против Верона од 2:1, сега е на 11-та со 10 бодови, додека Верона е во зоната за испаѓање, 18-та со пет бодови.

По натпреварот, на социјалните мрежи се појави фотографија од двајца противнички играчи – Федерико Бонацоли и Симоне Верди, седнати на скалите во тунелот што води на стадионот како делат пица. Познато е дека Верди кој сега игра за Верона, во пролетната полусезона го носеше дресот на Салернитана како позајмен играч, па пораката е јасна, дека и натаму се чувствува како дома.

ПретходноАлкараз останува прв тенисер во светот, Ѓоковиќ остана на седмото место
СледноМилевски го објави списокот на играчи за дуелот со С. Арабија, на него има тројца од Струга ТЛ!