Брдаровски: Против “пандевци“ покажавме карактер, сега со мислите сме кон дербито со Струга ТЛ!

159

Шкупи вчера, во меч од 10.коло во ПМФЛ успеа да дојде до екстра значајни три бода. И тоа среде Струмица и тоа на гости кај А. Пандев совладувајќи го домашниот тим со 0:1. Победничкиот гол беше дело на Диен, а еден од најдобрите во тимот на шампионот беше офанзивниот бек Владица Брдаровски.

На последните неколку натпревари имавме психолошки проблем, но сега со оваа победа покажавме дека тимот има силен карактер. Не е мала работа да се победи на гости кај квалитетниот состав на А. Пандев. Јасно е дека имаше проблеми, мечот го завршивме со два играчи помалку поради црвени картони, но на тој меч влеговме и победивме како шампиони и покажавме дека заслужуваме респект. Сега со мислите се насочуваме кон дербито со Струга ТЛ. Ќе се подготвме за следниот викенд максимално, секако дека на тоа дерби очекувам, како и секогаш, максимална поддршка од нашите фанови“ потенцираше Брдаровски.

Инаку во пресрет на неделното дерби, Струга ТЛ која е лидер на табелата, му бега на Шкупи цели 10 бодови. Тоа значи дека чаирчани ни во сон не смеат да помислат да ги загубат тоа дерби. Во спротивно разликата ќе биде 13 бодови во корист на стружани.

ПретходноЕкс-тренерот на вардарки ја донесе С. Арабија во Скопје, ќе се тестира против Алкалоид и Мулти Есенс!
Следно“Зошто би му дозволиле влез на Новак во Австралија? Зошто има милиони?“