Стојчевски денеска главен на Шахтјор – Реал Мадрид

1636

Нашиот интернационален фудбалски судија, Игор Стојчевски денеска од 12:00 часот заедно со своите помошници Слаѓан Марковски и Даниел Василевски ќе ја дели правдата на мечот Шахтјор Доњецк и Реал Мадрид кој се игра во рамките од младинската Лига на Шампиони.

Мечот од добро познати причини се игра во Варшава и ќе биде дуел кој директно ќе решава за првото место во групата.

Во моментов „Кралевите“ имаат седум бода од три меча, а украинскиот тим бод помалку.

Ова е уште еден меч за Стојчевски на интернационално ниво со кој уште еднаш покажува дека неговата кариера оди во нагорна линија и добива се потешки мечеви за арбитража.

 

 

 

Слаѓан Маровски

Василевски Даниел
ПретходноТотенхем преговара со Гугл за правата на името на стадионот
СледноКуртоа навреме ќе се опорави за Ел Класико