Халанд одмараше, а Сити oсвои бод во Данска, Марез утна пенал (видео)

106

Манчестер Сити одигра без голови на гостувањето кај Копенхаген во 4.коло од групата на Лигата на шампионите. Тренерот Пеп Гвардиола одлучи да го одмара Ерлинг Халанд, па така норвешкиот голгетер целиот меч го преседе на клупата.
Имаа „граѓаните“ многу шанси за победа меѓутоа ги пропуштија. Во 11 минута голот на Родри е поништен поради игра со рака. Потоа Копенхаген имаше шанса за водство но Едерсон одбрани добар шут на Лерагер.
Во 25. минута Ријад Марез промаши пенал (голманот Грабара го одбрани неговиот шут), а во 30. минута Сити остана со фудбалер помалку поради црвен картон на Серхио Гомез. Во вториот дел би ги издвоиле добрите обиди на Де Брујне и на Кансело.
И покрај ремито Сити е прв со 10 бодови, втора е Борусија со шест, Копенхаген има два, а Севиља еден.

 

 

Kamil Grabara (Copenhagen) penalty save against Manchester City 25′

Oct 12, 2022

ПретходноЈувентус се „распадна“ во Хаифа, Ди Марија се повреди, Алегри „печен“ за отказ (видео)
СледноГолемото дерби Шкупи – Струга ТЛ се игра во недела, останатите мечеви од 11.коло во сабота!