Килијан Мбапе и натаму е во центарот на вниманието. По сите скандали кои се случија во редовите на францускиот првак, како и најавите за негово заминување уште во јануари следната година.
Мбапе сакал да игра како централен напаѓач во ПСЖ и не е задоволен што мора да игра на десно крило речиси на секој натпревар. Летото беше постигнат договор тој да има поголем авторитет во тимот, но чини тоа не е така.
За сето ова синоќа проговори легендарниот Тиери Анри кој го критикуваше младиот Французин и му порача дека конечно е време да сфати како функционира фудбалот и дека најважно е тимот да се стави на прво место.
„Еве ќе ви дадам личен пример, во Барселона не ми се допадна играњето крило, но тоа го направив за тимот. Постои едно едноставно правило: ако тренерот побара од вас да направите нешто што ќе му помогне на тимот, тогаш морате да го сторите тоа. Доколко тоа му наштети на тимот, би се расправал со тренерот“, рече Анри.
Тој рече дека е јасно дека Мбапе никогаш не бил во таква ситуација и дека не е навикнат нешто да не му оди.
„Никогаш во кариерата не добил „не“. Велат дека не ги исполнуваат неговите услови. Не знам какви се условите бидејќи не бев таму кога се договорија, но очигледно е дека му пречи што тој не игра на класичната девет позиција, бидејќи тој е единствениот во тимот што може да го направи тоа“, рече Анри и додаде:
„На крајот, клубот е секогаш поголем од сите. Но, прашање е дали му дале до знаење дека клубот е најважен или добил впечаток дека е поважен од клубот. Тоа е истото вистинско прашање. Но, клубот секогаш е на прво место“.