Во текот на вчерашниот ден се појавија шпекулации дека Килијан Мбапе сака да го напушти ПСЖ веќе во јануари, секако тоа беше добра причина одново да биде поврзуван со преселба во Реал Мадрид.
Мбапе беше тема и по синоќешниот натпревар меѓу Шахтјор и Реал Мадрид (1:1) бидејќи францускиот новинар на CANAL+ го праша Карло Анчелоти што мисли за евентуалното доаѓање на Мбапе во Реал.
Јасно е дека на Италијанецот му здосади да му го поставуваат истото прашање од време на време за Мбапе, па оправдано беше лут и воопшто не сакаше да разговара за тоа.
„Имате храброст да го прашате тоа сега. Нема да ви одговорам. Не сум должен да одговорам на такво прашање и нема да добиете одговор“, изјави Анчелоти по мечот во Варшава.
Мбапе потпиша договор до летото 2025 година со парижаните, но очигледно не очекуваше дека ќе има сосема поинаква улога на теренот оваа сезона. Најчесто игра како централен напаѓач, што многу му одговара, но очигледно не ужива баш најдобро на крилната позиција.