Свети црвено во Битола, последна шанса за Мане и играчите

800

Не е онака како што сите мислеа дека ќе биде во фудбалска Битола сезонава. Иако ФК Пелистер се стабилизира на организациски план, се направи и тоа како сериозен буџет за второлигашки прилики, се направи и екипа, сепак, резултатите на битолските „Зелени“ сезонава не се така како што се посакуваше.

По седум одиграни кола, Пелистер е шести на табелата со само 11 освоени бода. Лидерот Вардар веќе бега осум бода, второпласираната Воска шест. Местата на кои претендираа битолчани може да се каже дека веќе се недостапни и сезоната уште не почната што се вели може да се прогласи за неуспешна.

Што е проблемот во Битола? Ќе мора да ни одговори тренерот Марјан Секуловски, како и играчите на Пелистер, кој сезомава ги имаа сите предуслови да бидат и беа едни од главните кандидати за пласман во ПМФЛ. Но, тоа очигледно дека нема да се случи затоа што резултатите но пред се игрите не се тоа што треба да бидат.

Фудбалска Битола „врие“, „Чкембари“ немаат намера да гледаат уште една година мачење на нивниот сакан клуб. Бараат одговорност, особено од стручниот штаб, па ако треба и да „летаат глави“ само за да во корен се спречи проблемот кој во моментов очигледно постои.

 

ПретходноФеникс се засили со Американец!
СледноЛацио бара 120 милиони евра за српската ѕвезда!