Вечерва футсал репрезентацијата на Македонија од 19:00 часот во салата Јане Сандански ќе го одигра вториот дуел од тековната квалификациска група против селекцијата на Италија.
По стартниот пораз од Шведска на гости од 5:2, ова ќе биде еден вид шанса за поправен испит на нашите репрезентативци и подобрување на ситуацијата на табелата.
Тоа секако нема да биде лесно, Италија е квалитетен противник, но со поддршка на публиката веруваме дека нашиот национален тим ќе успее да ги освои првите бодови во оваа кампања.