На теренот на која е непобедлива – „Новата“ Македонија ќе го гради патот кон ЕП 2024!

191

Македонската ракометна репрезентација вечерва (19 часот) отвара ново поглавје. Против Луксембург во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се гради патот кон пласман на Европското првенство 2024 година. Овој пат „црвено-жолтите“ на теренот ќе изгледаат поинаку, Кирил Лазаров, лидерот ќе биде само предводник, а во составот ќе ги нема Филип Муркуловски и Стојанче Стоилов.

Смената генерација почнува од Скопје, со неколку искусни имиња и млади сили ќе се гради иднината. Целта и покрај се останува иста – пласман на ЕУУРО 2024 година.

Македонија во изминатиот период е на 14 натпревари без пораз, еден од нив завршил со реми (против Исланд), 13 завршиле со победа. Последен пат од Скопје со триумф заминала Франција, во 2015 година славеше со 25-27.

Противникот е по мерка, иако составот е различен сепак, фаворитската улога ја има токму Македонија. Тандемот Талески – Кузмановски, заедно со Георгиевски и Пешевски, со умешноста на Митревски на голот треба да ги повлечат останатите.

За оваа средба Лазаров нема да смета на Дејан Мансаков, кој се очекува да биде подготвен за Турција, вториот меч во рамките на квалификациите за ЕУРО 2024, кој се игра за четири дена во Ван.

„Во денешниот ракомет нема фаворити, сите играат ракомет и може да се случат изненадувања. Треба да бидеме фокусирани и да ги одработиме нашите задачи, па тоа ќе ни помогне. Сакаме да одиме на две победи во овој циклус за потоа да бидеме подготвени за дуелот против Португалија“ изјави Талески, кој веќе прераснува во лидер на теренот, не само во Вардар, туку и во репрезентацијата. 

Билети за средбата меѓу Македонија и Турција се уште има во продажба, оние кои не можат да дојдат во салата истата биде директно пренесувана на МТВ.

ПретходноНа „Петар Милошевски“ се монтираат столчиња, наскоро ќе „светнат“ и рефлекторите
СледноОхрид подобар од Детонит, Караорман со гостински бодови кај Кожуф