Леброн заработува двојно повеќе од реклами, отколку од тоа што игра во ЛА Лејкерс

264

Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс е на врвот на листата на Форбс за најплатени играчи во НБА лигата, веќе деветта година по ред.

Четирикратниот шампион во НБА лигата има вкупен приход од 124,5 милиони долари во 2022 година. 44,5 милиони биле заработка по основ на плата, а уште 80 милиони долари добива од реклами и други проекти надвор од теренот.

Втор на листата со вкупна заработка од 95,1 милион долари е ѕвездата на Голден Стејт, Стивен Кари, додека ТОП 3 листата ја заокружува Кевин Дурент од Бруклин со заработка за 2022 година од 88 милиони долари.

ПретходноМбапе не може да си прости што потпиша нов договор со ПСЖ
СледноВ недела: Вардар – Беса во живо на Спорт Клуб