Фудбалерите на Монако синоќа на гостувањето кај Трабзонспор во меч од 4. коло во Лигата на Европа загубија со 4:0, а првиот гол кој го примија, беше еден од најсмешните автоголови кои се постигнати во меч од европските купови.
Имено, во обид да ја расчисти ситуацијата во сопствениот шеснаесетник, голманот на Монако, Александер Нибел го погоди својот соиграч Маланг Сар и топката незапирливо се одби кон неговиот гол. Освен што ова беше еден од најкомичните голови видени во последно време, беше и тотално непримерна реакција за елитен европски тим како Монако.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) October 13, 2022